Гасоводот „Турски текˮ ќе почне со работа во декември 2016 година, изјави првиот човек на „Гаспром“ Алексеј Милер, чии зборови ги цитира прес-службата на холдингот.
„Постигнат е договор меѓу РФ и Турција за пуштање на гасоводот во работа и почеток на испораката на гас по „Турски тек“ во декември 2016 година.
Планот на „Гаспром“ за работа на проектот „Турски текˮ ќе биде заснован на договорот што е постигнат денеска“, изјави Милер по средбата со министерот за енергетика и природни ресурси на Турцја Танер Јилдиз, пренесува РИА „Новости“.
Милери Јилдиз исто така дискутираа за прашањето за испорака на руски гас во Турција и модернизација на гасоводот „Син тек“.
На средбата беше истакнато дека за првите четири месеци од 2015 година по „Син тек“ од Русија во Турција, според оперативните податоци, е испорачано околу 5,4 милијарди кубни метри гас, што е за 4% повеќе отколку за истиот период во 2014 година. Учесниците на преговорите истакнаа дека за последните 10 години потрошувачката на гас во Турција пораснала повеќе од двапати, и дека турскиот пазар е заинтересиран за понатамошно зголемување на обемот на испораката на енергетскиот ресурс од Русија.
„Син тек“ е гасовод со капацитет од 16 милијарди кубни метри гас годишно. Поминува по дното на Црното море и обезбедува директна испорака на гас за турските потрошувачи. Како што соопшти ТАСС, претходно заменик-претседателот на управата на „Гаспром“ Александар Медведев изјави дека четвртата (последна) траса на „Турски тек“ ќе биде изградена до 2020 година.
„Гаспром“ и турската компанија „Ботас“ на 1 декември 2014 година потпишаа меморандум за разбирање за изградба на морскиот гасовод од Русија до Турција преку Црното море. Неговиот капацитет ќе изнесува 63 милијарди кубни метри гас од кои 47 милијарди кубни метри ќе бидат испорачувани на гасниот јазол на турско-грчката граница.
Со изградба на гасоводот ќе се занимава компанијата „Гаспром Рускаја“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче