Студенти на руската Национална школа на филмскиот проект „Мрежа” во рамките на видео-инсталацијата го проектираа на фасадата на резиденцијата на американскиот претседател знамето на Русија и прикажаа кадри од воена техника која ја нарекоа „учтиви тенкови“.
Видео-акцијата во Вашингтон студентите ја снимија и ја поставија на интернет.
Студентите на следниов начин ја објаснија својата одлука да ја одржат оваа акција: „9 мај е ден кога светот повторно се роди и, по традиција, ние секоја година ги повикуваме светските лидери со воената парада со нас да го одбележат овој празник. Оваа година Барак Обама на многумина „светски лидери“ им забрани да одат во Москва на Парадата, а и самиот одби да присуствува на Парадата. Што да се прави! Живееме во ера на високи технологии и затоа можеме да кажеме: Ако Барак не сака на Парадата, Парадата ќе дојде кај Барак!“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче