САД не сакаат изолација на Русија и продолжуваат да соработуваат со неа преку официјални канали на многу полиња, особено во борбата против екстремизмот, изјави американскиот амбасадор во Москва Џон Тефт во интервју за „Интерфакс“.
„Да се потсетиме дека нашата цел не е изолација на Русија – нашата цел е, како што рече претседателот Обама, „Русија која е целосно интегрирана во глобалната економија, која просперира во името на својот народ, која уште еднаш во соработка со нас ќе се впушти во борба со глобалните предизвициˮ, изјави Тефт.
„Но, исто така, ние стоиме цврсто на ставот дека мора да се почитуваат суштинските меѓународни принципи“, рече амбасадорот во интервјуто.
Според него, „претседателот на САД Барак Обама се надева на подобрување на односите меѓу двете големи држави откако ќе се елиминираат причините за надворешната тензија“.
Тој нагласи дека е горд што ќе ги претставува САД во Москва на прославата по повод 70-годишнината од Победата.
Тефт исто така изјави дека заедничките напори на сојузниците доведоа до Победа во Втората светска војна.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче