„Роскосмос” го објави датумот на падот на „Прогрес М-27М” на Земјата

Вселенскиот товарен брод „Прогрес М-27М” ќе престане да постои на 8 мај, соопшти Федералната вселенска агенција на РФ „Роскосмос”.

Вселенскиот товарен брод „Прогрес М-27М” ќе престане да постои на 8 мај, соопшти Федералната вселенска агенција на РФ „Роскосмос”.

Наведено е и приближното време кога вселенскиот брод ќе престане да постои: 01:23 и 21:55 по московско време, пренесува РИА „Новости”.

„Роскосмос“ еден ден претходно ќе може да соопшти попрецизни податоци за времето и можната територија на која ќе паднат делови од „Прогрес“, изјави претставник на агенцијата. 

Според него, леталото ќе изгори во целост во густите слоеви на атмосферата, само некои помали делови би можеле да паднат на површината на Земјата.  

Американскиот центар за вселенски операции на стратешката команда даде своја прогноза за падот на леталото од орбитата. Според податоците на американските експерти, вселенскиот брод ќе падне на Земјата на 8 мај во реонот на тихоокеанскиот брег и дека тоа ќе се случи во текот на 167 кружење на бродот околу Земјата. Реонот на пад на фрагменти од бродот е пресметан во пресекот на координатите - 350 северна географска ширина и 1130 западна географска должина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња