Медиум: Подобра ситуација за руската економија не може да се замисли

Благодарение на намалувањето на каматните стапки, ценате на нафтата и примирјето во Украина, руската економија излегува од проблематичната етапа, без оглед на неодамнешните прогнози на бројни аналитичари, соопшти „Си-Ен-Би-Си“.

Руската економија се обновува по кризата благодарение на низа фактори и тешко е да се замисли подобра ситуација за неа, соопштува американскиот канал „Си-Ен-Би-Си“.  

Каматните стапки се намалени, цените на нафтата се со позитивна динамика, тензиите во односите со соседна Украина се послаби: Русија не може ни да сонува за подобра комбинација за обнова на својата економија, пишува медиумот.  

Главниот експерт за пазари на компанијата „Би-Си-Ес Фајненшел“ Џозеф Дајан, коментирајќи ја ситуацијата во руската економија, го истакна растот на рубљата и изјави дека, на негов поглед, тоа е поврзано, пред сѐ, со позитивната динамика на ценате на нафтата.  

Меѓутоа и стабилизацијата на геополитичката ситуација позитивно влијае на руската ситуација, потенцира Дајан: конфликтот во Украина што послужи како повод за воведувањето антируски санкции од страна на Западот последниве неколку месеци се намали. Експертот смета дека тоа ѝ носи добивка на руската економија.

Изданието потсетува дека Централната банка претходно ја намали каматната стапка на  12,5 проценти во врска со ревитализацијата на рубљата.  Тоа најверојатно докажува дека врвот на инфлацијата во земјата поминал.

Многумина аналитичари, само пред неколку месеци ѝ претскажуваа на економијата на Русија сериозни проблеми, згрешија во своите прогнози: знаците на стабилизација се евидентни, продолжува „Си-Ен-Би-Си“. 

Медиумот, сепак, ја истакнува и загриженоста на некои аналитичари кои сметаат дека пребрзото заздравување на руската валута е обременето со такви проблеми за нејзината економија, како што е дефицит на буџетот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња