Кина изрази подготвеност да го брани светот заедно со Русија

Кина е подготвена да ја поддржи Русија во борбата против обидите да се фалсификува историјата на Втората светска војна, се наведува во обраќањето на претседателот на Народна Република Кина Си Ѓинпин до граѓаните на Русија кое во средата, 6 мај, го објави весникот „Росијскаја газета”.

Кина е подготвена да ја поддржи Русија во борбата против обидите да се фалсификува историјата на Втората светска војна, се наведува во обраќањето на претседателот на Народна Република Кина Си Ѓинпин до граѓаните на Русија кое во средата, 6 мај, го објави весникот „Росијскаја газета”.

„Кинескиот и рускиот народ се подготвени со целосна решителност и вложувајќи крајни напори, заедно со сите мирољубиви земји и народи, да се спротивстават на секој потег и обид да се негира, ревидира и фалсификува историјата на Втората светска војна“, напиша кинескиот претседател. Си Ѓинпин потсети дека Русија беше главниот простор на воените дејствија во Втората светска војна во Европа, каде загинаа 27 милиони луѓе.

„Кинескиот и рускиот народ еден на друг ќе си пружат поддршка и помош, тие се соборци во војната против фашизмот и милитаризмот“, истакна претседателот на Кина, додавајќи дека жителите на двете земји „рака во рака и рамо до рамо ќе го бранат светот, ќе го поттикнуваат развојот и ќе го дадат својот придонес за постигнување стабилен мир на планетата и напредок на целото човештво“.  

Си Ѓинпин ќе престојува во посета на Русија од 8 до 10 мај. Претседателот на Кина на покана на претседателот на Русија Владимир Путин ќе присуствува на манифестациите во Москва посветени на одбележувањето на 70-годишнината од Втората светска војна. Лидерите на двете земји на 8 мај ќе имаат разговори по кои ќе бидат потпишани околу 40 билатерални документи, пренесува РИА „Новости“.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња