„Гаспром“ и „Роснефт“ меѓу стоте најголеми светски компании според „Форбс

„Гаспром“ и „Роснефт“ влегоа во првите сто најголеми компании на светот со акционерски капитал според магазинот „Форбс“.

„Гаспром“ и „Роснефт“ влегоа во првите сто најголеми компании на светот со акционерски капитал според магазинот „Форбс“. Рејтингот беше објавен на официјалниот сајт на изданието.

За најголема од руските компании со акционерски капитал е прогласен „Гаспром“. На генералниот список тој го зазема 27 место. „Форбс“ ја проценува неговата заработувачка на 158 милијарди долари, профитот од 24,1 милијарди долари, вкупната актива на 356 милијарди долари, а пазарната вредност на 62,5 милијарди долари. Во првите сто исто така се најде и „Роснефт“ – на 59 место. Заработувачката на оваа компанија е проценета на 129 милијарди долар, профитот на 9 милијарди, активата на 150 милијарди, додека пазарната вредност изнесува 51,1 милијарда долари.

Трета руска компанија која се наоѓа на 109 место на списокот е „Лукоил“. Нејзината заработувачка е 121 милијарда долари, профитот 4,7 милијарди, активата изнесува 111,8 милијарди долари, додека пазарната вредност на компанијата е проценета на 43,5 милијарди долари.

Четврта компанија од Русија е Сбербанк, додека петта е „Сургутнефтегас“.

Сбербанк е на 124 место (заработувачка од 58,1 милијарди долари, профит - 7,6 милијарди, актива – 420 милијарди, пазарна вредност – 26,9 милијарди долари). „Сургутнефтегас“ се наоѓа на 209 место (заработувачка од 26,6 милијарди долари, профит - 8,8 милијарди, актива – 74,6 милијарди, пазарна вредност – 24,2 милијарди долари).    

Првите четири места на листата се резервирани за кинеските банки. На првото место е Индустриската и комерцијална банка на Кина, на второто е Кинеската градежна банка, третото ѝ припаѓа на Земјоделската банка на Кина, додека четвртото место е на Банката на Кина.

Вкупно на листата на „Форбс“ се најдоа 2 илјади компании со акционерски капитал.  Според процените на „Форбс“, нивната вкупна заработувачка изнесува околу 39 трилиони долари, вкупниот профит околу 3 трилиони долари, вкупната актива - 162  трилиони, а вкупната пазарна вредност – 48 трилиони долари. Последнава година вкупната пазарна вредност пораснала за 9%. Најзастапени на листата се американските компании - 579, кинеските – 232 и јапонските со 218 компании.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.