Руската државна корпорација „Росатом” го организира овогодинешниот Меѓународен форум „АТОМЕКСПО” за претставниците на нуклеарната енергетика од целиот свет. Оваа година форумот ќе се одржи од 1 до 3 јуни во Москва.
Централниот настан на Форумот ќе биде пленарното заседание на тема „Нуклеарната енергетика како двигател на социоекономскиот развој“. Претставници на различни земји ќе дискутираат за предностите на нуклеарната енергетика, нејзиното влијание врз социоекономскиот развој на земјата и можните проблеми кои настануваат во случај на откажување од нејзино користење.
Во деловниот сегмент на Форумот особено внимание ќе биде посветено на меѓународната соработка на Русија во сферата на нуклеарната енергетика со земјите од Латинска Америка, азиско-тихоокеанскиот регион, Африка, Централна и Источна Европа. На овие прашања ќе им биде посветена посебната сесија „Нуклеарната енергетика во земјите на БРИКС“.
Исто така е планирано и одржување на тркалезни маси во врска со прашањата за безбедно користење на нуклеарните технологии, експлоатацијата и техничкото одржување на нуклеарните централи, развојот на нови производи од нуклеарната индустрија и други актуелни теми.
Се очекува на форумот да учествуваат претставници на AREVA од Франција, нуклеарната централа „Пакш“ од Унгарија, NECSA од ЈАР, NPCIL од Индија, компанијата „Словачки електрани”, како и претставници на Агенцијата за нуклеарна енергија.
1-3 јуни 2015 година, Москва, Гостини двор
Детални информации за настаните на Форумот на сајтот http://2015.atomexpo.ru
Дирекција на Форумот.: +7 (495) 663-3821, email: atomexpo@atomexpo.com
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче