Путин ќе објави едноминутно молчење на парадата на Победата

На 9 мај, според портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков, во 18.55 по московско време на централните телевизиски канали ќе се емитува специјалната емисија „Во сеќавање на паднатите во борбата против фашизмот“.

Претседателот на Русија Владимир Путин, како што се очекува, првпат ќе објави на парадата на Победата минута молк за да им се оддаде почит на загинатите во Великата Татковинска војна, соопшти во средата за новинарите портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.

„Планирано е претседателот Путин да објави минута молк за да им се оддаде почит на сите загинати во Великата Татковинска војна. Претседателот, како што е познато, досега го нема направено тоа“, изјави Песков.

Иститот ден, според Песков, во 18.55 по московско време на централните телевизиски канали ќе се емитува специјалната емисија „Во сеќавање на паднатите во борбата против фашизмот“. „Таму ќе биде на сите добропознатиот звук на метроном“, додаде тој.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња