Претседателот на Полска се плаши од „зелените човечиња“

Полска треба да го „искористи потенцијалот на пограничната стража во случај да се појават „зелени човечиња“, изјави недалеку од полско-руската граница претседателот на Полска Бронислав Коморовски.

Полска треба да го „искористи потенцијалот на пограничната стража во случај да се појават „зелени човечиња“, изјави во Елблонг, недалеку од полско-руската граница, претседателот на Полска Бронислав Коморовски кој повторно се кандидира на претседателските избори.

„Негативните промени во однос на руската страна спрема соседите се причина за избивањето на руско-украинската криза која денес влијае на безбедноста на цела Европа, целиот западен свет, вклучувајќи ја Полска“, изјави полскиот претседател.

Актуелниот претседател на Полска истакна дека токму поради таа причина Варшава треба да ја зајакне својата одбранбена моќ, помеѓу другото и преку механизми кои овозможуваат да се „искористи потенцијалот на пограничната стража во случај да се појават „зелени човечиња“, пренесува РИА „Новости”.

Претходно командантот на Вооружените сили на Полска генерал Мечислав Гоцул изјави дека армиите на Полска и Литванија се подготвени да одговорат на заканите на „хибридната војна“ и средба со „зелените човечиња“.

„Зелени човечиња“ или „учтиви луѓе” е прекарот за припадниците на руската војска кои се појавија на Крим кон крајот на февруари-почетокот на март 2014 година во униформи без обележја за да пружат поддршка на силите на самоодбраната на Крим и да овозможат одржување на референдумот за независност.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња