Двократната олимписка шампионка во скок со стап Елена Исинбаева потпиша петгодишен професионален договор за служба во Вооружените сили на Русија, соопшти портпаролот на началникот на ЦСКА Сергеј Власов.
„Познатата натпреварувачка во скок со стап, двократната олимписка шампионка, сопственичката на 28 светски рекорди, заслужниот спортист на Русија Елена Исинбаева донесе одлука да ја продолжи службата во Вооружените сили на Русија со професионален договор. Наредбата за склучување на договорот со важност од 5 години ја потпиша Министерот за одбрана на Русија генерал на армија Сергеј Шојгу. Со истата наредба капетан Исинбаева е назначена на воената должност инструктор по лесна атлетика на Централниот спортски клуб на Армијата“, изјави за ТАСС Власов.
Тој истакна дека во 2013 година во составот на армискиот клуб биле воведени 14 спортски екипи со вкупно 400 професионални војници. ВО состав на ЦСКА биле формирани четири спортски чети со вкупна бројност од 400 луѓе. Тие се распоредени во Москва, Петербург, Ростов на Дон и Самара.
Според него, на 16 мај во Олимпискиот парк во Сочи регрутите во спортските чети ќе положат заклетва. Вкупни 208 претставници на летни и зимски олимписки спортови ќе ги пополнат спортските чети.
Претходно во февруари оваа година Елена Исинбаева го нарече стапувањето во ЦСКА враќање на спортот и истакна дека ќе оди на Олимписките игри 2016 година во Рио де Жанеиро само доколку биде во можност да се бори за златен медал.
„Бескрајно сум радосна да се вратам во редовите на ЦСКА кој располага со бескрајни можности. Јас се придржувам до истата филозофија. Враќањето во ЦСКА е и враќање на големиот спорт. Нашите цели и амбиции се совпаѓаат“, изјави Исинбаева.
Исинбаева е двократна олимписка шампионка (2004, 2008), носител на бронзен медал од Олимписките игри во 2012 года, трикратна светска шампионка, како и четирикратна светска шампионка во сала. Спортиската има поставено 28 светски рекорди.
Во јуни минатата година Исинбаева роди ќерка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче