Обидите за ревизија на историјата и рехабилитација на нацистите се апсолутно неприфатливи, неморални и крајно опасни, затоа што го туркаат светот кон нови конфликти. Ваков став искажа претседателот на Русија Владимир Путин.
Во телеграмата до учесниците на конференцијата посветена на улогата на СССР и Кина во победата над фашизмот и јапонскиот милитаризам, рускиот лидер истакна дека 70-годишнината од Победата во Втората светска војна има за РФ и Кина особена важност, затоа што „народите на нашите земји ги претрпеа најстрашните загуби во борбата со нацизмот и милитаризмот“.
„За нас се апсолутно неприфатливи циничните обиди за препишување на историјата за да им се угоди на опортунистичките политички интереси, за рехабилитација на нацистите и нивните соработници. Ваквите обиди не само што се неморални, туку се и крајно опасни – го туркаат светот кон нови конфликти, кон суровост и насилство“, истакна Путин.
„Во Русија никогаш нема да ги заборават храброста и херојството на кинеските браќа по оружје кои ги дадоа своите животи за заедничка Победа. Исто толку грижливо во Кина се однесуваат кон споменот на советските војници и офицер кои паднаа во борбата со агресорите на кинеско тло“, се вели во телеграмата на Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче