Претседателскиот кандидат на левичарската партија на Полска Магдалена Огорек изјави во интервју за „Впрост“ (Wprost) дека сегашниот лидер на Полска Бронислав Коморовски е виновен за расипувањето на односите со Русија, пренесува ТАСС.
„Моето главно обвинување на сметка на претседателот се однесува на полско-руските односи кои се во целосно распаѓање. Сигналите што ги праќа власта доведоа до тоа во руските медиуми да бидеме претставени како најголемите непријатели на Русија, на исто ниво со САД“, рече Огорек.
Таа додаде дека коментарите на сметка на Русија на многу функционери од претседателството „ја потхрануваат меѓусебната нетрпеливост“ и дека Полска би требало да размисли за националната безбедност.
„Зар треба да излеземе во првите редови и замавнуваме со сабја на нуклеарна држава? Со што? Ние купивме хеликоптери без систем за самозаштита. Секој војник може да ги сруши. Купивме ракети „Патриот“, но засега ќе добиеме само две, затоа што останатите ќе ни бидат испорачани дури од 2022 до 2025 година“, истакна Огорек.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче