Можно решение за гасните преговори меѓу Русија и Украина до почетокот на летото

Европската комисија планира до почетокот на летото да ги заврши трилатералните преговори со Русија и Украина во врска со новиот „зимски пакет на гас“, изјави комесарот за енергетика на Европската комисија Марош Шефцович, пренесува РИА „Новостиˮ.

Европската комисија планира до почетокот на летото да ги заврши трилатералните преговори со Русија и Украина во врска со новиот „зимски пакет на гас“, изјави комесарот за енергетика на Европската комисија Марош Шефцович, пренесува РИА „Новостиˮ.

„Системот одлично функционираше. Имавме прва зима која за последниве неколку години помина без проблеми. Сега се обидувам да ги убедам двете страни да продолжиме со овој позитивен тренд, работејќи на рамките и условите што ги воспоставивме минатата зима, како и да ги прошириме можностите до следната зима. Би било пожелно да ги завршиме преговорите за следната година пред донесувањето на одлуката од страна на Стокхолмскиот артбитражен суд во врска со договорот меѓу „Нафтогас на Украина“ и „Гаспром“, рече Шефцович.

Тој додаде дека во политичките преговори е постигнат значаен напредок и дека се надева дека тие ќе бидат завршени до летото, додавајќи дека во сегашната ситуација тоа не е ни најмалку едноставно.

„Нафтогасˮ на 1 април потпиша со „Гаспромˮ дополнителна спогодба за испорака на гас за вториот квартал од 2015 година. Според документот, прелиминарната цена на гасот за Украина во вториот квартал без попуст ќе изнесува 348 долари за илјада кубни метри. Попустот за испорака на гас што претходно беше ветен од Русија изнесува 100 долари.

Коментирајќи ја спогодбата за гас директорот на „Гаспромˮ Алексеј Милер нагласи дека оваа компанија нема да бара исплата на пенали според правилото „земи или плати“ за испорака на гас во вториот квартал од 2015 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.