Медиуми: Зголеменото руско влијание во Латинска Америка ги плаши САД

САД се особено загрижени поради можната соработка на Русија со Никарагва во врска со испораката на ловците МиГ-29 во оваа земја, пишува „Глобал Риск Инсајтс“.

САД се особено загрижени поради можната соработка на Русија со Никарагва во врска со испораката на ловците МиГ-29 во оваа земја. Доколку се реализира овој аранжман, Русија ќе го прошири своето присуство во регион блиску до САД, пишува „Глобал Риск Инсајтс“ (Global Risk Insights), а пренесува РИА „Новостиˮ.

Ова издание наведува дека во февруари генералниот инспектор на армијата на Никарагва Адолфо Сепеда Мартинез рече дека државата направила неколку чекори за да набави руски ловци кои ќе ги користи исклучително за одбранбени цели. Се претпоставува дека станува збор за авионите МиГ-29.

Доколку се реализира аранжманот, Никарагва може да стане сериозна воена сила во регионот, затоа што во соседните земји нема воени авиони кои можат да бидат конкуренција на руските ловци.

Во статијата се наведува дека Русија преговара со Никарагва и во врска со изградба на објекти во кои стратешките бомбардери и воените бродови би полнеле гориво.

„САД и нивните сојузници се сериозно загрижени поради фактот што Русија со испораката на оружје за Никарагва ќе ја зацврсти својата позиција во регион блиску до САД“, се наведува во статијата. Според изданието, потезите на Русија кои водат кон проширување на соработката со Латинска Америка се договор на мешањето на Западот во украинското прашање. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња