Израел се откажа од испорака на беспилотни летала на Украина по телефонскиот разговор на премиерот Бенјамин Бетанјаху со претседателот на Русија Владимир Путин кој се заложи против таа зделка, соопшти агенцијата „Блумберг“ повикувајќи се на неименуван израелски фунционер.
Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков не одговори на барањата за коментар, соопштува „Форбс“.
Од кабинетот на Нетанјаху, министерството за одбрана на Израел и израелската државна компанија Israel Aerospace Industries одбија да коментираат.
На 22 април шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека информацијата за тоа дека Израел има намера да ѝ испорачува беспилотни летала на Украина се шпекулации кои остануваат непотврдени.
На 18 април претседателот на Русија Владимир Путин истакна дека Израел има право да ѝ даде оружје на Украина како одговор на испораката од страна на Русија на системите С-300 на Иран, но дека тоа е контрапродуктивно.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче