„Комерсант“: Изградбата на „Турски тек“ се одлага

Изградбата на гасоводот „Турски тек” се одлага поради долготрајните преговори меѓу „Гаспром” и турската државна компанија „Ботас“, пишува весникот „Комерсант“.

Изградбата на гасоводот „Турски тек” се одлага поради долготрајните преговори меѓу „Гаспром” и турската државна компанија „Ботас“, пишува весникот „Комерсант“.

Страните се договорија за висината на попустот за цената на гасот, но не можат да се договорат во кој дел од формулацијата на договорот ќе треба да го применат.

Весникот истакнува дека преговорите се наоѓаа во ќорсокак веќе месец и половина.

Преговарачите се обидуваат да се изморат едни со други. Притоа и руската и турската компанија се во загуба. „Гаспром” поради стоењето на своите бродови за поставување на  цевководот веќе изгуби неколку стотици милиони евра, додека руската компанија никако не може да го примени договорениот попуст на гас додека не биде потпишана спогодбата, и затоа мора да го купува рускиот гас по цена повисока за 100 долари од просечната европска цена.

Турција во моментов купува руски гас по цена од 370 долари за 1000 кубни метри.

„Гаспром” сака што побргу да почне со изградбата на „турски тек“, но Анкара се противи, за што сведочи и зголемувањето на увозот на течен гас кој е за 50 долари поевтин од рускиот. Поради тоа руските испораки за Турција во април опаднаа за 38%.

Дополнителен фактор кој го кочи потпишувањето на новата спогодба е од политички карактер, а се однесува на изјавата на Владимир Путин во врска со ерменскиот геноцид која беше дочекана во Анкара со негодување.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња