Советскиот Сојуз имаше одлучувачка улога во борбата против фашизмот и никој и никогаш не може да го оспори тоа, изјави чешкиот претседател Милош Земан во интервју за ТАСС.
„Најтешкиот товар во Втората светска војна падна врз Советскиот Сојуз. Да не беше СССР, борбата со фашистите би се водела и на американскиот континент“, нагласи Земан.
„Одам во Москва со чувство на длабока почит и восхит спрема оние кои ги дадоа своите животи во борбата за Победа во Втората светска војна, и спрема советските војници и спрема сите други луѓе. До ден-денес не е утврден точниот број на загинати, но таа цифра варира меѓу 20 и 27 милиони луѓе“, рече чешкиот претседател.
Лидерот на Чешка ќе учествува на претстојната прослава по повод седумдесетгодишнината од Победата во Москва. Тој во рускиот главен град ќе биде на 8 и 9 мај, н нема да присуствува на воената парада.
На прашањето зошто нема да биде на Црвениот плоштад во текот на дефилето на руската војска, Земан одговори дека оди „да им се поклони на мртвите, а не на живите“, и дека за него е најважно да им оддаде почит на загинатите.
Зборувајќи неодамна на прашкото радио, Земан изјави дека советските војници 1945 година влегле во Чехословачка како ослободители, а не како освојувачи и дека секој што зборува поинаку „не знае ништо за историјата“.
Земан во Москва ќе се сретне со претседателот на Русија Владимир Путин, руски политичари и воени ветерани.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче