„Тајмс“: Бегството на рускиот капитал влијае на британската валута

Британската економија страда од масивен одлив на капиталот, особено на рускиот, што ги ослабува позициите на националната валута, пишува весникот „Тајмс“.

Со растот на загриженоста во врска со внатреполитичката клима во Велика Британија и одливот на рускиот капитал по воведувањето на санкциите, инвеститорите префрлиле надвор од земјата 356 милијарди долари за последните 15 месеци, пишува британскиот весник „Тајмс“.

Во врска со ова сигурноста на британската валута почна да предизвикува загриженост, истакнува изданието, повикувајќи се на податоците на фирмата за консалтинг „КросБордер Капитал“. Доколку продолжи таквиот одлив на капитал во големи размери, фунтата ќе се најде под притисок. Во март одливот на капитал имаше најголем замав и достигна 24 милијарди долари. Ова кажува дека инвеститорите најверојатно се загрижени за тоа каква позиција ќе заземе Велика Британија по изборите кои ќе се одржат на 7 мај.

Настанатата ситуација е изненадувачка, затоа што последните 35 години Велика Британија како магнет привлекуваше инвестиции, за што сведочат податоците на „КросБордер Капитал“. Со оглед дека минатата година дефицитот на платниот биланс на Велика Британија достигна рекордно високо ниво од 5,5% од БДП, земјата е силно зависна од странски инвестиции. 

Достапните податоци не покажуваат од каде и кон каде се движи капиталот, пишува изданието. Сепак, експертите издвојуваат три стимулирачки фактори: Русија и Украина, стравовите, предизвикани од референдумот за независност на Шкотска и неизвесноста во периодот до изборите.

Се верува дека рускиот капитал почна да ја напушта Велика Британија уште минатата година откако кризата во Украина доведе до воведување на антируските санкции, потсетува весникот. Состојбата се влоши во декември, кога рускиот претседател Владимир Путин ги повика олигарсите да го вратат капиталот во својата татковина.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.