Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнамер ќе пристигне во работна посета на Русија на 7 мај и ќе има разговори со неговиот руски колега Сергеј Лавров во Волгоград, соопшти Министерството за надворешни работи на РФ.
„Неговиот распоред вклучува посета на градот-херој Волгоград каде германскиот министер за надворешни работи ќе им оддаде почит на оние кои паднале во борбата против нацизмот во текот на Втората светска војна. Заедно со министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров се очекува да присуствува на церемонијата на положување венци на Мамаев Курган каде се наоѓа меморијалот на хероите од Сталинградската битка. Исто така тој ќе ги посети гробиштата на советските војници убиени кај Сталинград во селото Росошки и гробиштата каде во близина се закопани германските војници“, пишува во соопштението објавено на сајтот на министерството.
Двајцата шефови на дипломатиите ќе разговараат за тековни билатерални и меѓународни прашања и заедно ќе го посетат меѓународниот фестивал Музика против Војната во кој ќе настапат симфониските оркестри од Волгоград и Оснабрик, се вели во соопштението.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче