Средба на помирување меѓу руските моторџии кои пристигнаа во Грузија и нивните грузиски колеги се одржа во центарот на Тбилиси на Плоштадот на републиката, пренесува „Взгљад”.
Грузиските моторџии им објаснија на своите руски гости дека во Грузија има најмалку 25 моторџии кои ја гледаат „Георгиевската лента“ како „симбол на руската окупација“.
Руските моторџии изјавија дека во Грузија дошле „како патници, без политички намери“.
„Ние ги сакаме Грузија и нејзиниот народ“, изјави еден од руските моторџии. „Ние ги почитуваме вашите традиции. Нас не нѐ интересира политика“.
Еден грузиски моторџија рече дека во комуникацијата со Русите немало никакви проблеми. Тие се согласиле да ги симнат „Георгиевските ленти“.
Според него, следната група руски моторџии ќе пристигне во Грузија на 9 мај. „Ќе ги пречекаме пријателски, без проблеми“.
Претходно дента беше соопштено дека во Грузија е подигнато кривично обвинение против руски моторџии кои наводно навредиле државјанка на Грузија која се обидела да симне „Георгиевска лента“ од нивните мотори.
Активисти на движењето „Слободна зона” на 2 мај во Тбилиси ги натераа моторџиите да ги симнат „Георгиевските ленти“. Организацијата „Слободна зона“ редовно одржува антивладини акции. Нејзината дејност ја поддржува бившиот претседател на Грузија Михаил Сакашвили.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче