„Ноќните волци“ се пробија до Германија

Ноќните волци“ успеаја да влезат во Германија, беше објавено на блогот на клубот, пренесува ТАСС.

„Ноќните волци“ кои на 3 мај беа задржани на германската граница поради проверка на документи, ја продолжија својата маршрута на територијата на Германија, беше објавено на блогот на клубот, пренесува ТАСС.

„Како што ни раскажаа мотоциклистите кои беа задржани, пасошите им се вратени и тие влегоа во Германија. Меѓутоа, полицијата продолжи да ги следи и сега го надгледува хотелот во кој се сместени „Ноќните волци“, се наведува на блогот.  

Моторџиите на 4  мај ја напуштија Виена, ја преминаа германската граница и беа задржани на влезот во Минхен. Според зборовите на претставникот на клубот Александар Шаповалов, проверката на документите траела неколку часа. Колку точно моторџии го продолжиле патот не е потврдено. Претставници на баварската полиција претходно изјавија дека на територијата на Германија се наоѓаат околу 10 моторџии.

Шаповалов додаде дека „Волците“ планираат да го посетат меморијалниот комплекс „Дахауˮ кај Минхен, на местото на кое некогаш бил истоимениот логор. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња