Колку подолго трае режимот на санкции, толку поделотворна е стратегијата за неутрализирање на нивното влијание, изјави францускиот политиколог Сирил Брет во интервју за „Атлантико“ (Atlantico).
Тоа го покажаа режимите на Куба и Иран. Тие најпрвин трпела проблеми поради санкциите, потоа научија да живеат со нив и на крај најдоа начин да ги заобиколат. Затоа Брет заклучува дека веќе по 2015 година режимот на санкции против Русија ќе ја изгуби ефективноста. Освен тоа, во самата Европска унија санкциите против Москва веќе предизвикуваат незадоволство. Притоа, не станува збор само за Унгарија, Бугарија и Грција, туку и за Франција и Велика Британија.
Руската економија сѐ уште не покажа способност да им се спротивстави на санкциите и сѐ уште ѝ е потребно финансирање од странство. Меѓутоа, Москва успеа да ги мобилизира своите финансии за да одговори на кризата на ликвидноста и на потешкотиите со валутата. „Руската политичка власт ја својата способност да ги мобилизира своите сили. Руската економија сѐ уште треба да покаже дека е способна да се реструктуира”, смета францускиот експерт.
Сирил Брет не ја исклучува можноста, во случај на обнова на судирите во Украина, да биде воведена нова рунда санкции против Русија, на кои Москва ќе возвратни мерки. Меѓутоа, според него, тешко дека тоа посериозно ќе се одрази на инвестициите. Имено, инвеститорите пред неколку месеци ја сменија својата стратегија спрема Русија и прифатија извесни финансиски ризици.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче