Претседателот на Русија Владимир Путин го потпиша законот за ратификација на спогодбата за испорака на гас по источната траса за Кина. Документот се наоѓа на порталот за правни информации, прнесува АиФ.
Законот беше донесен од Државната дума на 24 април и усвоен од Советот на Федерацијата на 29 април.
Спогодбата меѓу Русија и Кина за испорака на природен гас по источната траса беше потпишана во Москва во октомври 2014 година. Спогодбата ги дефинира условите за соработка во делот за испорака на гас, вклучително и проектирањето, изградбата и експлоатацијата на прекуграничниот дел од гасоводот. Документот стана ден од условите за стапување во сила на договорот за купопродажба на природен гас по источна траса, потпишан на 21 мај 2014 година меѓу „Гаспром“ и Кинеската национална корпорација за нафта и гас.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче