Претседателот на Полска ја нарече парадата на Победата во Москва симбол на нестабилен свет

Претседателот на Полска Бронислав Коморовски ја смета парадата на Победата која ќе се одржи на 9 мај во Москва за симбол на нестабилен и неспокоен свет, пренесува ТАСС.

Претседателот на Полска Бронислав Коморовски ја смета парадата на Победата која ќе се одржи на 9 мај во Москва за симбол на нестабилен и неспокоен свет.

Според полскиот лидер, Полска треба да ги памти лекциите од историјата и да не запаѓа во заблуда дека ништо не ја загрозува републиката. „Зашто набрзо е 9 мај – Црвениот плоштад во Москва одново ќе се претвори во тенковски плоштад. Одново таму ќе демонстрираат сила оние дивизии кои неодамна пред очите на светот и нашите очи ја нападнаа соседна Украина. Одамна еден воен конфликт не бил толку близу до полските граници како сега“, изјави Коморовски, говорејќи на Замков плоштад во Варшава по повод Денот на Уставот.

„Треба да запаметиме дека во таа воена демонстрација, демонстрација на сила, не станува збор за историјата, ами за современоста и иднината.  Тоа е ликот на денешниот нестабилен и неспокоен свет. И во такви услови ние треба да ја градиме нашата полска безбедност“, изјави тој, а пренесува ТАСС.

„Геополитичката положба на Полска секогаш била сложена, затоа што ние се наоѓаме меѓу Истокот и Западот. Затоа треба да го паметиме болното искуство и да ја градиме нашата сила, потпирајќи се на согласност и единство таму каде што тоа е можно“, изјави тој. „Денеска светот носи закани, затоа е толку важна понатамошната модернизација на земјата, зацврстувањето на врските со западниот свет преку ширење на европската интеграција и активно учество во НАТО“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња