Претседателот на Германија: Масовното страдање на советските воени заробеници во Германија се премолчува

Масовното страдање на советските воени заробеници на територијата на Германија во текот на Втората светска војна до денес се премолчува, изјави во интервју за весникот „Зиддојче Цајтунг“ претседателот на Германија Јоахим Гаук.

Масовното страдање на советските воени заробеници на територијата на Германија во текот на Втората светска војна до денес се премолчува, изјави во интервју за весникот „Зиддојче Цајтунг“ претседателот на Германија Јоахим Гаук.

„Кога зборува за колективна свест, овие луѓе се наоѓаат во зоната на заборавот. Тоа е неправедно спрема нив“,изјави Гаук. Тој истакна дека планира следната недела, кога Германија ја слави 70-годишнината од ослободувањето од националсоцијализмот, да го одбележи сеќавањето на советските воени заробеници. „Ја на 8 мај ќе им оддадам почит на воените гробишта во Бранденбург“, изјави германскиот претседател, пренесува РИА „Новости”.

Околу 3 милиони советски воени заробеници умреле од глад, студ и болест во концентрационите логори во Германија во текот на Втората светска војна.

Гаук исто така ѝ предложи на владата на Германија да се угледа на германскиот фонд „Сеќавање, одговорност, иднина“, кој со учество на германски корпорации им дава помош и поддршка на поранешните заробеници на нацизмот, и да основа фонд со цел „разбирање на германските злосторства во Грција од времето на нацизмот“.

„Ние не сме она што сме денес, туку сме и наследници на оние кои во текот на Втората светска војна ѝ донесоа уништување на Европа, па и на Грција, за што досега знаеме срамно малку”, изјави Гаук. „Би било исправно нашата земја, која има историска одговорност, да разгледа опции за компензација кои можат да се земат предвид“, додаде германскиот претседател. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња