Медиум: Повторно „жешка линија“ меѓу НАТО и Русија

Воените команди на НАТО и Русија воспоставиле директна линија во случај на настанување на кризни ситуации, пишува „Франкфуртер Алгемајне“.

НАТО и Русија првпат по завршувањето на студената војна воспоставуваат „жешка линија“ меѓу своите воени команди, соопштува „Франкфуртер Алгемајне“. Пристап до разговори со Москва  добиваат командантот на здружените сили на НАТО во Европа и претседателот на Воениот комитет на НАТО. Притоа каналите за врска секогаш ќе останат отворени и постојано ќе бидат проверувани, соопштија извори во Северноатлантската алијанса.

Не се знае кога била активирана „жешката линија“, пишува изданието. Според информациите на „Франкфуртер Алгемајне“, минатата недела на Русија ѝ биле предадени броевите за контакт, сепак деталите за новиот канал за комуникација остануваат тајни.

Иницијативата за воспоставување на оваа врска дошла од министерот за надворешни работи на Германија Франк-Валтер Штајнмаер, пишува изданието. Претходно во врска со порастот на тензиите во светот поради украинскиот конфликт тој предложи да се воспостави директна врска меѓу Русија и НАТО во случај да настанат кризни ситуации.

По Кубанската криза во 1962 година меѓу воените раководства на СССР и САД исто така била воспоставена телекс-врска, попозната како „црвен телефон“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња