Медиум: Норвешка го штити Крајниот Север од Русија

Норвешка ќе вложи дополнителни 478 милиони долара во воени проекти за да го зајакне својот потенцијал на Крајниот Север, пишува „Дифенс Њуз“ (Defence News).

Норвешка ќе вложи дополнителни 478 милиони долара во воени проекти за да го зајакне својот потенцијал на Крајниот Север, пишува „Дифенс Њуз“ (Defence News).

„Инвестирањето во воени проекти во рамките на буџетот за одбрана за  2015 година се реализира поради тоа што Русија ги зголемува воздушните, поморските и копнените ресурси во пограничните реони на Крајниот Север“, се наведува во статијата.

За воениот буџет Норвешка издвои 5,6 милијарди долари, што е за 3,4 отсто повеќе од претходната година. Американското издание пишува дека дополнителните средства ќе бидат вложени во два проекта.

Во рамките на едниот проект планирано е да се направат моќна антиракетна единица, прва во Норвешка. Во целост интегрираниот систем за ПВО ќе има современи ракети „земја-воздухˮ и „воздух-земјаˮ.

Целта на вториот проект е модернизација на тенковите Леопард 2.

„Зголемувањето на воените трошоци ќе придонесе за зајакнување на одбранбените способности на нашите вооружени сили“, изјави министерката за одбрана на Норвешка Ине Ериксон Серејде.

Премиерот на Норвешка Ерна Солберг исто така изјави дека „трагични настани во Украина ја присилуваат Норвешка да го зголеми својот воен потенцијалˮ.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња