Леонид Калашников: Ако не беа руските тенкови, денес немаше да постои Полска

Изјавите на полскиот претседател Коморовски за парадата на Победата во Москва како за „демонстрација на сила“ претставуваат сервилност пред настанатата политичка ситуација, смета првиот заменик-раководител на меѓународниот комитет на Државната дума на РФ Леонид Калашников.

„Ако не беа тенковите за кои зборува претседателот на Полска, тогаш Полска денеска немаше да постои на картата на светот. Должен сум да потсетам дека според сите нацистички планови Полска беше територија што Германија ја подготвуваше за свое живеалиште, за да ги насели таму германските граѓани. Сите останати требаше да бидат протерани и уништени. И само благодарение на руските тенкови тие добија слобода и државен суверенитет“, изјави Калашников за РИА „Новости“.

Тој истакна дека не му е јасна оваа „сервилност на претседателот на Полска пред политичката ситуација“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња