Украински „Нафтогас” бара од „Гаспром” 10 милијарди долари компензација

„Нафтогас на Украина” поднесе нова тужба против „Гаспром” со која бара руската компанија да надомести 10 милијарди долари кои наводно „Нафтогас“ изгубил поради „неправедниот“ договор за транзит на гас, соопшти премиерот на Украина Арсениј Јацењук.

„Нафтогас на Украина” поднесе во Арбитражниот суд во Стокхолм нова тужба против „Гаспром” со која бара руската компанија да надомести 10 милијарди долари кои наводно „Нафтогас“ изгубил поради „неправедниот“ договор за транзит на гас, соопшти премиерот на Украина Арсениј Јацењук.

„Нафтогас на Украина“ во Арбитражниот суд во Стокхолм поднесе тужба со која се бара да ѝ се надоместат загубите и да се внесат измени во договорот за транзит со „Гаспром“, напиша Јацењук на својот Фејсбук-профил.

„Во текот на шесте месеци по првото обраќање до Арбитражниот суд по повод договорот за транзит водечки меѓународни експерти и правници завршија голем дел од работата за јасно да докажат дека договорот за транзит е неправеден спрема Украина и дека „Гаспром“ треба да му исплати на „Нафотогас“ над 10 милијарди долари на име компензација на загуби“, соопшти украинскиот премиер.

„Така што вкупниот износ кој врз основа на тужбата го бараме од „Гаспром“ во врска со договорот за купување гас и договорот за транзит веќе надмина 16 милијарди долари“, напиша Јацењук.

Русија и Украина во 2009 потпишаа два договори за гас: едниот се однесува на испораката на руски гас за потребите на Украина, а вториот на транзитот на руски гас преку територијата на Украина до Европската унија.

„Нафтогас” на 16 јуни 2014 година, веднаш откако „Гаспром“ воведе авансно плаќање за гасот, поднесе тужба до Арбитражниот суд во Стокхолм со барање да се преиспита договорот за испорака на гас. Тогаш беше соопштено дека украинската државна компанија бара од „Гаспром“ да ја намали цената на гасот и 6 милијарди долара на име преплатен гас.

Од друга страна, „Гаспром” го тужи „Нафтогас на Украина“ пред Арбитражниот суд во Стокхолм, барајќи исплата на долговите кои во моментот на воведувањето на авансното плаќање достигнаа 4,5 милијарди долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња