Поради националната валута која зајакнува, Русија станува сѐ попривлечна за инвестирање, пишува „Си-Ен-Ен“.
„Инвеститорите кои се осмелија да се вратат во Русија оваа година, сега се смеат“, истакнува ТВ-каналот, потенцирајќи дека за последните три месеци руската валута нагло пораснала во однос на доларот за 25%.
Како што изјави американскиот милијардер Дејвид Бондерман, Русија е привлечна за инвеститорите во среднорочна и долгорочна перспектива, без оглед на антируските санкции воведени од Западот.
„Санкциите првенствено се замислени на начин да не влијаат, ами да служат како политика изјава“, убеден е Бондерман.
Според него, санкциите се замислени за да предизвикаат лутина, а не за да бидат ефективни.
Со него се согласува и рускиот претприемач Рубен Вардањан, кој смета дека санкциите се потенцијално позитивни за искусните инвеститори.
„Ограничувањата создаваат можност да се заработат повеќе пари. За многумина инвеститори Русија изгледа како многу привлечна земја, затоа што тоа е толку огромен пазар“, убеден е Вардањан.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче