Руски стратешки бомбардери навлегле во идентификационата зона на ПВО САД

Два руски стратешки бомбардери Тупољев Ту-95 летале во идентификационата зона на ПВО САД, соопшти во петокот, 1 мај, официјалниот претставник на Командата на аеровселенската одбрана на Северна Америка (NORAD) капетан Џефри Дејвис.

Два руски стратешки бомбардери Тупољев Ту-95 „Мечка” извршиле на 22 април лет во близина на воздушниот простор во реонот на Алјаска во таканаречената идентификациона  зона на противвоздушната одбрана на САД, соопшти во петокот, 1 мај, официјалниот претставник на Командата на аеровселенската одбрана на Северна Америка  (NORAD) капетан Џефри Дејвис.

Според неговите зборови, ваквите летови се дозволени, затоа што идентификационата зона не е дел од суверениот воздушен простор. Притоа американските ловци не полетале за да ги пресретнат руските авиони, пренесува ТАСС.

Тој истовремено изрази желба Русите да ги известуваат Американците за своите планови. „Сметаме дека, доколку руската војска би ни доставила планови на летање би се идентификувала по пат на сигнали и преку комуникација, тоа би ја зголемило безбедноста на летовите“, изјави Дејвис за вашингтонското интернет-издание „Washington Free Beacon”.

Според Дејвис, руските стратешки бомбардери минатата година биле забележани 10 пати во идентификационата зина на неговата команда. Американски или канадски авиони-ловци ги пресретнале најмалку шест пати. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.