Претседателот на Русија Владимир Путин на Денот на Победата стана еден од учесниците во акцијата „Бесмртниот полк“. Шефот на државата со портрет на својот татко-фронтовак се придружи на поворката кога повеќеилјадната колона излезе на Црвениот плоштад.
Акцијата „Бесмртниот полк“, чии учесници излегуваат на марш со портрети на свои роднини-фронтоваци, се одржува четврти поат, оваа година во илјадници населени места во Русија и странство. Акцијата не се ограничува само на поворката: на сајтот на „Бесмртниот пол“ (moypolk.ru) сите што сакаат можат да отворат страница за своите блиски и да раскажат за борбениот пат, животот на семејството пред и по војната. Секојдневно овде се појавуваат илјадници нови приказни.
Владимир Путин е среќен што Русите имаат можност да поминат по Црвениот плоштад со портрети на своите блиски-фронтоваци.
„Значењето на оваа иницијатива е во тоа што таа не се роди во кабинети, во административните структури, туку во срцата на нашите луѓе“, рече шефот на државата во текот на поворката на Црвениот плоштад.
Путин истакна дека тоа ја покажува почитта што луѓето ја имаат спрема постарите генерации.
Според процената на претседателот, денешната акција „зборува за нашата увереност во себе, во своите сили и во среќната иднина на нашите деца“.
На прашањето, со кои мисли помина Путин по Црвениот плоштад со портретот на татквото-фронтовак, шефот на државата одговори дека е среќен што на овој начин им оддава почит на сите учесници во Великата Татковинска војна. „Многу сум среќен што и татко ми е заедно со мене – сега го носам неговиот портрет – и што илјадници други обични луѓе, обични војници и работници од позадината можат сега да се појават на Црвениот плоштад“, изјави претседателот.
Тој смета дека по војната, многумина сонувале да учествуваат во Парадата на Победата, но судбината била поинаква. Сега војниците од војната добија таква можност, макар и посмртно.
Според последните информации, оваа комеморативна манифестација ширум целата земја опфатила повеќе од милион луѓе.
Владимир Путин е роден седум години по Победата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче