Почина Маја Плисецкаја

Познатата балерина почина во Германија во 90-та година од животот.

Истакнатата балерина Маја Плисецкаја почина во Германија од срцев удар, соопшти информативната емисија „Вести“ на телевизискиот канал „Русија 1“ повикувајќи се на сопругот на балерината, композиторот Родион Шчедрин, пренесува „Интерфакс“.

Балерината починала од тежок срцев удар. Лекарите се бореле за нејзиниот живот, но не можеле да ја спасат.

Маја Плисецкаја е родена на 20 ноември 1925 година в Москва.

По завршувањето Московското кореографско училиште во 1943 година, Маја Плисецкаја била примена во трупата на театарот „Болшој“. Од 1960 година народната артистка на СССР станува примабалерина на балетот на театарот „Болшој“.

Едни од најпознатите изведби на балерината се: Одета-Одилија во „Лебедово езеро“, Аврора во „Заспаната убавица“, Рајмонда во истоимениот балет на Глазунов, сопственичката на бакарната гора во „Камениот цвет“ на Прокофјев и Кармен во „Кармен суита“.

Плисецкаја е наградувана со бројни награди и премии, носител е на орденот „За заслуги за Татковината“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња