ЕУ и САД треба да ги натераат властите во Киев на сериозна истрага за трагедијата во Одеса, изјави пратеникот на МНР РФ за човекови права, демократија и владеење на правото Константин Долгов, пренесува ТАСС.
„Меѓународната заедница, особено ЕУ и САД, треба да престанат да ги поддржуваат украинските власти, вклучително и радикалните елементи, и треба да го натераат Киев да започне сериозна истрага и да обезбеди спроведување на законот“, изјави дипломатот за „Рускаја служба новостеј“.
„Оваа годишнина, за жал, не е одбележана со суштински напредок во истрагата на тоа ужасно злосторство, кога живи изгореа десетици, а можеби и стотици луѓе. Не се казнети виновниците – ни извршителите, ни организаторите на масовното убиство. Тие квази-истраги кои беа организирани од украинските власти не треба да се земаат сериозно. Не е направено практично ништо“, изјави тој.
Според негово мислење, „злосторствата остануваат неказнети, како и стотици други кои беа извршени од украинските безбедносни сили во текот на операцијата во Донбас“.
Официјален Киев, место да ја истражи трагедијата, напротив, се потпира на националистите, укажува Долгов.
„Киев не може да се дистанцира од оние радикални елементи кои владеат во Украина. Уште повеќе, врз многу од тие елементи украинските власти продолжуваат да се потпираат. Во таква ситуација не може да се очекува некаква правична истрага“, убеден е претставникот на МНР РФ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче