Меркел: Одењето во Москва е важно

Одењето за Москва на 10 мај е многу важно, без оглед на сегашните несогласувања со Русија, изјави во традиционалниот неделен видео-блог канцеларката на Германија Ангела Меркел.

Одењето за Москва на 10 мај е многу важно, без оглед на сегашните несогласувања со Русија, изјави во традиционалниот неделен видео-блог канцеларката на Германија Ангела Меркел.

„Со Русија во моментов имаме многу длабоки разногласија – вклучително и по прашањето за она што се случува во Украина. Како и да е, мене ми е важно на 10 мај да положам заедно со рускиот претседател венец на Гробот на незнајниот јунак за да им оддадам почит на милионите загинати кои лежат на совеста на Германија во Втората светска војна“, изјави канцеларката, а ја цитира РИА „Новости“.

„Тоа е многу важно“, додаде таа.

Ангела  Меркел реши да не присуствува во Москва на 9 мај на Парадата на Победата.

Таа на 10 мај ќе се сретне со претседателот на Русија Владимир Путин.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.