Кремљ: Русија не може да се согласи на воведување мировни сили во Донбас

Русија не може да се согласи на распоредување мировни сили во Украина, затоа што за тоа најпрво е потребна согласност на страните во конфликтот, изјави портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков.

Русија не може да се согласи на распоредување мировни сили во Украина, затоа што за тоа најпрво е потребна согласност на страните во конфликтот, изјави портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков.

Песков изјави дека е невистинито тврдењето на Киев дека претседателот на Русија наводно се согласил во решавањето на ситуацијата во Донбас да учествуваат мировни сили, пренесува ТАСС.

„Се работи за тоа што руската страна никогаш не ја доведувала во прашање идејата за распоредување мировни сили. Но ни руската страна, ниту која било друга страна која се јавува како гарант на Минската спогодба, не може да се согласи со тоа. Затоа што за тоа, пред сѐ, треба да се согласат страните во судирот, односно, како прво, Киев, и како второ, Донбас“, изјави Песков, а пренесува РИА „Новости”.

„Сега својата мисија треба да си ја заврши ОБСЕ. Тоа е основната организација за безбедност и соработка во Европа која е сега активна на лице место“, изјави Песков.

„Постои текстот на Минската спогодба што го потпишаа и претставниците на Киев и претставниците на Донбас, а го гарантираа Русија, Франција и Германија, и тука постојат конкретни точки. Сѐ додека овие конкретни точки не бидат реализирани, сметаме дека е апсолутно погрешно да се покренуваат други прашања”, додаде тој.

Прес-службата на претседателот на Украина Петро Порошенко на 30 април соопшти дека претседателот на Русија Владимир Путин во текот на преговорите во „Нормандиски формат“ се согласил на можноста во Донбас да бидат 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.