Вершбоу: НАТО ќе ја спречи Русија да ги реализира своите цели со заплашување

НАТО нема да дозволи Русија со заплашување да ги постигне своите цели, изјави во интервју за естонски медиуми заменик-генералниот секретар на НАТО Александар Вершбоу.

НАТО нема да дозволи Русија со заплашување да ги постигне своите цели, изјави во интервју за естонски медиуми заменик-генералниот секретар на НАТО Александар Вершбоу.

„Русија разбира дека НАТО има воена сила, која според многу аспекти е понадмоќна од таа со која располага Москва. Затоа го сметам тоа (нуклеарните закани) пред сѐ како дел од стратегија на заплашување, отколку за подготвеност за употреба на воената сила“, изјави Вершбоу во интервју за „Би-Ен-Ес“, нарекувајќи ги таквите изјави неодговорни.

„Во времето на студената војна ние не слушавме од советските лидери таква неодговорна реторика за нуклеарното оружје“, изјави Вершбоу.

Во интервјуто не е објаснето на какви имено изјави од руска страна се мисли.  

„Во исто време вознемируваат агресивните дејства на поморскиот и воздушниот контингент на Русија, поради кои настануваат безбедносни ризици, особено во Скандинавија“, рече Вершбоу.

„Ако се додадат на тоа и масовните воени вежби кои тие ги спроведуваат без претходно известување и сценарија кои се наполно агресивни, се слушаат алармантни ноти“, изјави Вершбоу.

Претходно командантот на заедничките вооружени сили на НАТО во Европа, американскиот генерал Филип Бридлав изјави дека активностите на Русија на Арктикот, вклучително и одржувањето воени вежби во тој регион, предизвикуваат голема загриженост кај САД и нивните сојузници во НАТО.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.