Командантот на силите на НАТО во Европа генералот Филип Бридлав тврди дека доброволците од Донбас се под директно раководство на Русија, пренесува РИА „Новостиˮ.
„На почетокот на конфликтот во Украина сепаратистите немаа добра организација. Ние уште тогаш ги забележавме напорите на Русија да ги организира овие воени формации праќајќи им помошници“ рече Бридлав.
Тој додаде дека Стејт департментот отсега ќе ги користи термините „руски сили“ и „украински сили“, нагласувајќи дека „руските сили“ секогаш биле под команда на Русија.
„Сметам дека воените формации со кои управува Русија преовладуваат над украинските сили“, рече Бридлав.
Исто така, тој додаде дека границата меѓу Русија и Украина е „ширум отворена“.
„Преку границата континуирано преминуваат воени формации, а се префрлуваат и пари и оружје“, тврди Бридлав.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче