Лукашенко: Белорусија секогаш ќе биде со Русија

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека неговата земја не се стреми кон Запад и дека секогаш ќе биде со Русија, пренесува ТАСС.

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека неговата земја не се стреми кон Запад и дека секогаш ќе биде со Русија, пренесува ТАСС.

Тој додаде дека Белорусија секогаш отворено зборувала за својот став кон западните земји, како и дека воздржаната позиција на Белорусија во врска со Крим помогнала да започнат Минските преговори.

„Ние секогаш сме биле со Русија и таа и ќе остане. Момци, ако нешто, не дај Боже, се случи, морате да знаете дека секогаш ќе бидеме „рамо до рамо“ со Русија, затоа што таа е наш сојузник“, изјави Лукашенко.

Белорускиот претседател повеќепати изјави дека „на Белорусија никој не може да ѝ ја замени Русија “, како е дека во проблематични ситуации „Русија секогаш ѝ подавала рака на Белорусија“.

Лукашенко додаде дека геополитичката ситуација во светот е сѐ потешка, но дека поради тоа не смее да се дозволи да се врши притисок врз Белорусија.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња