Украинската криза е последица на тоа што Киев продолжи да живее според принципите на бивша република на Советскиот Сојуз и не е во состојба да заснова вистинска државност, смета поранешниот претседател на Чешка Вацлав Клаус, пренесува РИА „Новости“.
Според мислењето на поранешниот претседател на Чешка, ситуацијата во Украина не е последица на украинско-рускиот конфликт или односот меѓу Москва и Западот, туку на неспособноста на украинските власти да извршат трансформација на претходно постоечкиот комунистички систем. Тоа се покажува со непостоење на плуралистичка парламентарна демократија, вистинска пазарна економија, па дури и слобода на говорот, смета Клаус.
Според неговите зборови, Украина сѐ уште живее според принципите на бивша република на Советскиот Сојуз и не е во состојба да заснова вистинска државност и да стане суверена земја.
Клаус исто така истакна дека Русија е голема европска држава и дека нејзиниот конфликт со Западот е вештачки предизвикан и не претставува је „конфронтација на два принципиелно различни политички и социјално-економски системи”.
Поранешниот претседател на Чешка додаде дека Украина не треба да очекува ни економска, а не пак поголема воена помош од западните земји.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче