Од Исток доаѓа нова закана за Европа: уште помногубројна „пропагандна група“, која може на свој начин да му направи одлична реклама на Владимир Путин, пишуваат чешките медиуми.
Станува збор за руската хокеарска репрезентација, пишува новинарот Јиржи Долежал во списанието „Рефлекс“.
Централноевропските медиуми веќе цела недела дискутираат за моторџиите, но хокеарската делегација ќе биде помногубројна. Освен тоа, за разлика од „Ноќните волци“, Русите ќе донесат со себе „опасни работи“ – хокеарски стапови и остри лизгалки.
Затоа новинарот ја повикува јавноста на соодветен начин да реагира на таа „сериозна закана“.
„Ние не можеме да го дозволиме тоа! Затоа владата треба да го забрани настапот на руската екипа на територијата на Чешката република уште пред да се качат хокеарите на авион во Москва“, заклучува чешкиот новинар.
Светското првенство во хокеј започнува денеска, 1 мај, во Чешка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче