„Бизнис Инсајдер“ го тргна споменикот „Родина-Мајка“ од списокот на најапсурдни градби

Авторите на американскиот сајт „Бизнис Инсајдер“ по критиките од Русија го тргнаа волгоградскиот споменик „Родина-мајка“ од списокот со „најапсурдни градби од советската епоха кои стојат до ден-денес“.

Споменикот „Родина-мајка“, кој е подигнат во спомен на подвигот на црвеноармејците во Сталинград, претходно од непознати причини се најде на ранг-листата на изданието. Очигледно претчувствувајќи дека овој случај би можел да предизвика сериозен меѓународен скандал, авторите го заменија рускиот споменик со киевскиот хотел „Салут”.

На публикацијата претходно реагираше шефот на Комитетот на Државната дума за меѓународни прашања Алексеј Пушков. „Угледувајќи се на Си-Ен-Ен, американскиот сајт „Бизнис Инсајдер“ статуата Родина Мајка ја смести меѓу „најапсурдните градби од советската епоха“. Не можат да се смират“, напиша Пушков на својот Твитер-профил.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.