Жителите на Европа им се сѐ повеќе наклонети на Русите, пишува австриското издание на „Ди Пресе“. Освен тоа, Европејците токму во руските медиуми гледаат доверлив извор на информации.
Според мислењето на авторот на статијата Сибила Хаман, сѐ повеќе жители на Европа се свртуваат кон Москва, сакајќи таа да ја дознае вистината.
„Западните граѓани гледаат во правец на Москва со надеж дека ќе ја дознаат вистината. Онаа вистина која нивните медиуми, европските политичари и образовни установи систематски ја премолчуваат. Тие се надеваат дека Русите ќе ги ослободат од лагите и измамата“, истакнува новинарката.
Освен тоа, авторката истакнува дека сето она што за време на студената војна било предмет на критика за Европејците е сега сѐ попривлечно.
„Авторитарниот систем на управување, јасната хиерархија. Сето тоа е едноставно и разбирливо, за разлика од системот на Европската унија чии принципи на функционирање повеќето граѓани не ги познаваат“, истакнува Хаман, истакнувајќи дека „за разлика од несомнениот лидер на Руската Федерација кој спроведува сопствена политика, западните политичари оставаат впечаток како да им се врзани рацете“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче