Американскиот сајт „Бизнис инсајдер“ на 29 март објави ранг-листа на „најапсурдните градби од советската епоха кои постојат до ден-денес“. На ранг-листата се најде и споменикот „Родина-Мајка“ во Волгоград. Како што се наведува на сајтот, волгоградската фигура висока 85 метри е двојно повисока од Статуата на Слободата во Њујорк. Списокот е објавен за помалку од две недели пред одбележувањето на 70-годишнината од Победата.
Американскиот сајт не наведува никакви параметри според кои се раководел при изборот на градби кои се најдоа на листата. Меѓутоа, во статијата најчесто се користат зборовите „чуден“ и „грд”.
На ранг-листата се најдоа и Споменикот на револуцијата во Хрватска, зградата на Централната банка на Грузија, која, како што пишува изданието, изгледа како да е направена во „Фотошоп“, Домот-споменик на врвот Бузлуџа на Стара планина во Бугарија, кој „личи на НЛО”. Авторите на ранг-листата биле шокирани и од циркусот во Кишинев и споменикот „Македониум“ во Македонија, подигнат во знак на сеќавање на борбата против турската власт, а зградата на Централнот научноистраживачки институт за роботика и техничка кибернетика во Санкт-Петербург ги потсетила на „ѓаволски храм“, пренесува РТ (Russia Today).
Пред нешто повеќе година дена скандал предизвика ТВ-компанијата „Си-Ен-Ен“ која на листата најгрди споменици го стави белорускиот споменик „Брестовска тврдина“, посветен на војниците загинати во Втората светска војна.
Ранг-листата предизвика меѓународен скандал, по што материјалот беше отстранет од сајтот на ТВ-каналот. Редакцијата потоа објави извинување.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче