Водачот на мото-клубот „Ноќни волциˮ Александар Залдостанов „Хирург“, не успеа да влезе во Европа и веќе се врати во Москва, изјави претставник на руските моторџии Андреј Бобровски, пренесува www.rambler.ru.
Неодамна на блогот посветен на дефилето низ Европа на руските моторџии по повод 9 мај беше соопштено дека „Ноќните волци“ и покрај забраните успеале да се „пробијат“ низ сите гранични премини и да влезат во Европската унија заедно со Залдостанов.
„Тој не ни планираше да учествува во дефилето, но дојде во Брест кога изби скандалот со Полјаците“, изјави Бобровски, додавајќи дека околу организацијата на овој настан досега нема никакви проблеми.
Залдостанов денеска изјави дека мотоциклистите успеале да ја поминат границата со Европската унија. По посетата на Аушвиц, следната цел е Братислава, па средба со балканските моторџии, што беше потврдено на блогот на клубот, каде се појави соопштение со изјава на Ленин Јовановски, лидер на балканската филијала.
„Во филијалата на „Ноќни волци“ во Македонија заврши состанокот на кој се дискутираше кога и каде да се присоединиме на колоната која се движи кон Берлин. Беше донесена одлука да појдеме на 4 мај. Целта е Прага. На 5 мај балканските моторџии од филијалите на „Ноќни волци“ во Македонија, Бугарија, Србија, ќе се упатат кон Прага, каде ќе се сретнеме со чешките мотоциклисти“, соопшти Јовановски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче