Украина не е непријател на Русија – двете земји нема да војуваат меѓу себе, убеден е заменик-министерот за одбрана на РФ Анатолиј Антонов. „Во никој случај нема да војуваме со Украина. Украина не ни е непријател! Нема ниту теоретски шанси за тоа. Сметам дека Киев има доволно разум да не нѐ провоцира“, изјави тој во интервјуто што го објавува „Комсомолска правда“.
Антонов исто така смета дека „Германија и Франција ќе влијаат за да не му се дозволи на Киев да ги објави борбените дејствија на југоистокот на земјата“. „И Русија ќе ѝ помага на Европа во тоа“, изјави заменик-министерот.
Анатолиј Антонов исто така објасни зошто на меѓународната конференција за безбедност во Москва не беше поканета Украина. „Ние поаѓаме од тоа дека континуираните тензии на југоистокот на Украина ќе ги натера украинските официјални претставници целото свое внимание да го сосредоточат на прекинот на огнот во тој регион. Сега практичното мирно решение на конфликтот има многу поголемо значење. Ни не сакавме да се ставиме ни себеси, ни нашите украински колеги во незгодна ситуација поради манифестацијата што ја одржуваме, изјави тој.
Заменик-министерот за одбрана на РФ исто така изрази надеж дека „конфликтот во Украина ќе биде решен исклучително со мирни средства, а украинските експерти ќе можат да учествуваат на Московската конференција во наредните години и ќе го споделат своето искуство“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче