Министeрство за одбрана на РФ: Русија ја намалува соработката со НАТО

На барање на НАТО Русија го намалува бројот на вработени во претставништвото на Алијансата и ги проретчува контактите со оваа организација, изјави заменик-министерот за одбрана на Русија Анатолиј Антонов, пренесува РИА „Новостиˮ.

„Ништо не ни преостанува. НАТО направи уште еден непријателски чекор, укажувајќи ни да го намалиме бројот на вработени. Принудени сме на тоа, затоа што Американците престанаа да ни издаваат визи. Дури и нашите вработени повеќе не ги пуштаат во претставништвото на НАТО“, рече Антонов.

Според него, комуникација со Алијансата остварува само постојаниот претставник на Русија во НАТО. Антонов истовремено нагласи дека Русија и САД порано имале бројни заеднички проекти.

„Имавме, на пример, соработка околу Авганистан. Постојат заеднички проблеми кои би требало да нѐ обединуваат. На прво место тоа е борбата против тероризмот. Најстрашното сценарио би било во рацете на терористите да се најде оружје за масовно уништување“, рече Антонов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.