Министерство за одбрана на РФ: Америка му дава на НАТО лажни податоци за Украина

САД им праќаат на партнерите од НАТО лажни разузнавачки податоци за ситуацијата во Украина, изјави заменик-министерот за одбрана на Русија Анатолиј Антонов, пренесува РИА „Новостиˮ.

САД им праќаат на партнерите од НАТО лажни разузнавачки податоци за ситуацијата во Украина, врз чија основа тие даваат изјави дека на украинска територија се наоѓаат руски трупи, изјави заменик-министерот за одбрана на Русија  Анатолиј Антонов, пренесува РИА „Новостиˮ.

„Некои на Запад сметаат дека Американците „згрешиле“. Јас мислам дека Американците не згрешиле. Мислам дека токму тоа беше нивната задача, да шират лаги“, рече Антонов.  

Тој додаде дека никакви реални докази за присуство на руската армија во Украина досега немало.

„Американците повеќепати повторија дека „руските тенкови ја преминале границата“. И каде се сега тие тенкови?“, праша  Антонов.

Според него, одделни западни земји премногу се „потпираат“ на размената на разузнавачки податоци кои многу често не ја претставуваат реалната состојба на нештата. Антонов потсетува на изјавите на шефот на француското разузнавање кој повеќепати  изјави дека Франција нема доволно докази за присуство на руски сили во Украина. „Французите на сите им покажаа дека овој моќен партнер лаже е дека не е можно да се потпираат на него“, рече Антонов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.