Експерт: ЕУ не е заинтересирана за изградбата на „Турски тек“

Европска Унија смета на тоа дека транзитот на гас низ Украина ќе продолжи и засега на својата стратешка листа го нема „Турски тек“, смета директорот на Фондот за енергетски развој на Русија Сергеј Пикин, пренесува порталот Pravda.ru.

Европска Унија смета на тоа дека транзитот на гас низ Украина ќе продолжи и засега на својата стратешка листа го нема „Турски тек“. Тоа дава повод за сомневање дека „Турски тек“ воопшто ќе биде изграден, смета директорот на Фондот за енергетски развој на Русија Сергеј Пикин, пренесува порталот Pravda.ru.  

„Проектот „Турски тек“ беше планиран до границата со Грција. А понатамошната негова траса е работа на ЕУ, доколку се придружи на тој проект. Но тоа тешко дека ќе се случи“, смета Пикин.

Во сегашните проблеми на енергетскиот сектор на Македонија експертот гледа и други пречки, како што е политизацијата на државните установи и наглото влошување на политичката ситуација во земјата.

„Не би ја препишувал на „Турски тек“ моменталната ситуација во Македонија. Мислам дека таму постои внатрешна борба, а „Турски тек“, како конечен проект, усогласен и со ЕУ, сѐ уште не постои“, смета експертот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња